More

    Лукашенко тврди, „крстоносците вршат извидување на земја и во воздух“

    spot_img

    Под превезот на зајакнување на европската одбрана и наводно одбранбени вежби, НАТО формира „оклопна тупаница“, создадена очигледно не за да штити, туку за уште една кампања на исток, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко, пренесува Нова.

    Тој на церемонијата во чест на дипломираните студенти на воените универзитети рече дека новите, како што наведе, „крстоносци“ од Северноатлантската алијанса, одеднаш решиле дека моментот е погоден за уште една кампања на исток, заборавајќи како завршиле многуте слични такви кампањи на нивните претходници во историјата, пренесува Белта.

    Според Лукашенко, западните земји активно вршат извидување на земја и во воздух, спроведуваат вежби, пренесуваат опрема и материјали од други региони и истовремено ги зголемуваат своите воени буџети.

    Лукашенко не одговори за која земја или регион би можело да се работи. Тој само истакна дека Западот го приближува светот „до бездната на големата војна во која нема да има победници“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img