More

    Лепа Брена стравувала дека син ѝ ќе добие дијабетес

    spot_img

    Најмладиот син на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ долго време се борел со големиот вишок килограми.

    Виктор Живојиновиќ никогаш не криел дека е хедонист кој ужива во добар залак, но и во подготовка на храната. Поради тоа имал прекумерна тежина, а во еден момент достигнал дури 163 килограми.

    Долго време немал волја за слабеење, но успеал да направи радикални промени кои довеле до значителни резултати.

    Виктор сега е фит како неговите постари браќа Филип и Стефан, а Брена не крие колку ѝ бил стресен периодот кога нејзиниот најмлад син бил дебел.

     

     

    – Јас и Боба постојано правевме вечери кога децата беа мали и затоа Виктор ја достигна бројката од 163 килограми. Многу страдав поради тоа! Ми беше толку тешко, што дури плачев. Кога и да го погледнев, имав кнедла во грлото, а тој имаше само 20 години. Се плашев дека ќе добие дијабетес – изјавила Брена за „Информер“, додавајќи дека нејзиниот сопруг го мотивирал Виктор да се справи со проблемот.

    „Не постоеше никаков нутриционист кој можеше да влијае на него, но помеѓу него и татко му постоеше машки договор кој тие го почитуваа. Виктор е шампион на нашето семејство поради губењето на килограмите“, рекла пејачката.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img