More

    Кралицата Елизабета ја краси насловната на „Вог“

    spot_img

    Британската кралица Елизабета Втора ќе се појави за првпат на насловната страница на априлското издание на британски „Вог“ по повод прославата на нејзиниот платинест јубилеј.

    Насловната страница ќе ја краси нејзината фотографија од 1957 година, која ја снимил лорд Сноуден, поранешниот сопруг на принцезата Маргарет. Кралицата на фотографијата носи круна опточена со бисери и дијаманти, а фотографијата е направена за време на нејзината десетгодишнина од бракот со покојниот принц Филип.

    Дијамантска круна оригинално е направена за кралот Џорџ IV.

    На овој начин, „Вог“ ќе ѝ оддаде „посебна почит на нејзиното височество во пресрет на платинестиот јубилеј, но и ќе се осврне на нејзиниот уникатен однос со британскиот монарх за време на нејзините 70 години на тронот.“

    Инаку, априлското издание на британски „Вог“ ќе излезе со двојна насловна страница – на едната е кралицата Елизабета Втора, а на другата актерката Ања Тејлор-Џој, која ја нарекуваат модна панк принцеза, а на насловната поза со круна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img