More

    Кина продолжи со контроверзните воени вежби околу Тајван

    spot_img

    Кина ги продолжи контроверзните воени вежби околу Тајван во неделата наутро, во последниот ден од маневрите кои значително ги зголемија тензиите во регионот.

    Тајванската војска објави дека 20 кинески воени авиони и 14 воени бродови учествувале во вежбите во саботата, а кинеските беспилотни летала повторно биле забележани над островот Кинмен, кој е под управа на Тајван.

    Островот се наоѓа на само 10 километри од пристанишниот град Ксиамен на кинеското копно.

    Според експертите, од 1950-тите немало кинески прелети на островот, познат и како Quemoy.

    Кинеското раководство во Пекинг ги започна маневрите како одговор на овонеделната посета на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

    Вежбите ја претставуваат најголемата кинеска демонстрација на воена сила од ракетните вежби во средината на 1990-тите години кои ги поттикнаа САД да испратат два носачи на авиони во Тајванскиот теснец.

    Кина тврди дека Тајван е дел од нејзината суверена територија и се заканува дека ќе го врати островот со сила ако се обиде да прогласи независност. Меѓутоа, Тајванците долго време се сметаат себеси за посебна нација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img