More

    Киев ги започнува подготовките за следниот избор за песна на Евровизија, кој треба да се одржи во Украина во 2023 година

    spot_img
    Киев ги започнува подготовките за следниот избор за песна на Евровизија, кој треба да се одржи во Украина во 2023 година, соопшти вчера Кирило Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
    Украина веќе ги започнува подготовките за финалето на Евровизија во 2023 година. Главното прашање за нас и за Европската радиодифузна унија (ЕБУ) е безбедноста.

    „Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи на Украина се вклучени во подготовките за Евровизија 2023 од самиот почеток, со цел да се обезбеди удобна логистика и што е најважно, безбедност“, соопштил Тимошенко.

    Тој на својот канала на Телеграм навел дека се разгледуваат различни локации за одржување на оваа манифестација, но додал дека во овој момент не може да каже за кои локации станува збор, пренесува руската агенција РИА Новости.

    Украинската група „Калуш оркестра“ со песната „Stefania“ е победник на овогодинешната Евровизија.

    Според вкупните резултати од гласањето на публиката и жирито, претставниците на Украина освоија 631 поен и победија со голема разлика во однос на второпласираната Велика Британија која доби 466 гласа.

    Според правилата на Евровизија следната година, натпреварот би требало да се одржи во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img