More

    Католичката хуманитарна организација Каритас Полска соопшти дека ќе прими 2.000 деца од украинските сиропиталишта

    spot_img

    Католичката хуманитарна организација Каритас Полска соопшти дека ќе прими 2.000 деца од украинските сиропиталишта. Првата група од 300 деца се очекува да пристигне утре.

    – На нашите источни соседи им се заканува хуманитарна катастрофа која брзо се приближува. Одлучивме да одговориме на кризата во Украина и да обезбедиме засолниште за најранливите во нашата земја, изјави денеска директорот на полскиот Каритас – Марцин Изицки.

    Децата ќе доаѓаат главно од сиропиталишта во источна Украина, која е најтешко погодена од рускиот напад врз земјата. Првата група ќе биде однесена во Ополе и Честохова во јужниот дел на Полска и ќе биде сместена во хуманитарни центри и верски институции.

    Повеќе од 660.000 луѓе ја напуштија Украина откако Русија ја започна својата инвазија минатиот четврток, а се проценува дека уште еден милион се раселени во државата.

    ОН предупредија на хуманитарна криза и повикаа на итна помош од 1,7 милијарди долари, проценувајќи дека околу 12 милиони луѓе ќе имаат потреба од поддршка во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img