More

    Кадиров им порача на Украинците, Мариупол ќе биде обновен, но под нови услови!

    spot_img

    Русија ангажираше илјадници чеченски борци во Мариупол под команда на Рамзан Кадиров. Веројатно чеченскиот војсководец ќе остане да ги надгледува тамошните војници за да ги спречи сите обиди на Украина да го ослободи градот.

    Мариупол остана во урнатини по непрестајните бомбардирања од почетокот на инвазијата. Последните украински борци, кои со недели беа скриени во широка мрежа од тунели и бункери под челичарницата „Азовстал“, оваа недела почнаа да им се предаваат на Русите. Чеченскиот водач Рамзан Кадиров, кој ги предводеше борците во бруталната опсада на тој украински пристаништен град, рече дека овој град повторно ќе биде изграден по моделот на Грозни.

    Главниот град на Чеченија, Грозни, доживеа слична судбина кога беше целосно уништен од руските сили, па беше прогласен за најуништен град во светот. Кадиров во средата рече дека новата квислиншка влада во Мариупол може да има корист доколку се следи примерот на обновата на Грозни. Семејството на чеченскиот лидер беше донесено на власт откако тие се обврзаа на послушност на Владимир Путин, кој пак потроши милијарди рубљи за обнова на градот.

    Коментарите на Кадиров дојдоа во време кога се појавија информации за „евакуација“ на украинските борци по предавањето на фабриката за челик „Азовстал“.

    Ирина Верешчук, заменик-премиер на украинската влада, изјави дека 52 тешко ранети борци, кои во понеделникот заминаа од огромниот индустриски комплекс, ќе бидат разменети за руски воени заробеници, бидејќи нивното здравје се стабилизира.

    Речиси 1.000 украински борци ја напуштија опколената фабрика и така заврши битката за Мариупол. Во обид да ја преземе контролата врз градот, Русија ангажираше илјадници чеченски борци под команда на Рамзан Кадиров. Чеченскиот војсководец најверојатно ќе остане во Мариупол и ќе ги надгледува тамошните војници со цел да ги спречи сите обиди на Украина да го ослободи градот.

    Кадиров на „образовниот митинг“ во средата рече дека новата, марионетска локална власт може да напредува доколку безрезервно го поддржи Владимир Путин. Мариупол најверојатно целосно ќе падне под руска контрола во следните неколку дена, кога отпорот на последните украински борци во Азовстал се распаѓа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img