More

    Италијанскиот селектор повика 33 фудбалери

    spot_img

    Селекторот на Италија, Роберто Манчини, повика 33 фудбалери за полуфиналниот мундијалски бараж против македонската репрезентација, на 24 март во Палермо.

    Дебитантски повик во составот на Азурите доби Жоао Педро, напаѓачот роден во Бразил, кој осма сезона игра во дресот на Каљари, а Манчини во репрезентацијата повика уште еден натурализиран Бразилец, дефанзивецот на Лацио, Филипе Луиз.

    Актуелниот европски првак ќе ја пречека македонската репрезентација идниот четврток на стадионот „Ренцо Барбера“, а победникот во финалниот бараж на 29 март ќе игра против поуспешниот од дуелот меѓу Португалија и Турција. Во случај на победа, македонските фудбалери повторно би играле на гостински терен.

    Составот на Италија за баражот на 24 март против Македонија;

    Голмани: Алесио Крања (Каљари), Џанлуиџи Домарума (ПСЖ), Пјерлуиџи Гилини (Тотенхем), Салваторе Сиригу (Џенова).

    Одбрана: Франческо Ачерби (Лацио), Алесандро Бастони (Интер), Кристијан Бираги (Фиорентина, Леонардо Бонучи (Јувентус), Џорџо Кјелини (Јувентус), Џовани Ди Лоренцо (Наполи), Емерсон Палмери (Лион), Алесандро Флоренци (Милан), Филипе Луис (Каљари), Џанлука Манчини (Рома).

    Среден ред: Николо Барела (Интер), Бријан Кристанте (Рома), Жоржињо (Челзи), Мануел Локатели (Јувентус), Лоренцо Пелегрини (Рома), Матео Песина (Аталанта), Стефано Сенси (Сампдорија), Сандро Тонали (Милан), Марко Верати (ПСЖ).

    Напад: Андреа Белоти (Торино), Доменико Берарди (Сасуоло), Чиро Имобиле (Лацио), Лоренцо Инсиње (Наполи), Жоао Педро (Каљари), Матео Политано (Наполи), Џакомо Распадори (Сасуоло), Џанлука Скамака (Сасуоло), Матија Закањи (Лацио) и Николо Заниоло (Рома).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img