More

    Истрагата е уште во тек, вклучени се нуркачи, хеликоптери и чамци

    spot_img

    Јапонските власти ја потврдија смртта на 10 лица кои претходно беа пронајдени во близина на брегот на северниот остров Хокаидо во областа на исчезнувањето на туристичкиот брод КАЗУ 1, кој испратил сигнал за потонување. Ова денеска го објави ТВ каналот NHK, повикувајќи се на извори од јапонската крајбрежна стража.

    Претходно беше соопштено дека пронајдените лица се во бессознание. КАЗУ 1 во саботата попладне испратил сигнал дека почнува да тоне, по што била прекината комуникацијата со бродот.

     

    Јапонските медиуми објавија дека лицата не биле свесни кога биле пронајдени, но крајбрежната стража не сакала да потврди дали се пронајдени живи. Потрагата по исчезнатите, која уште е во тек, вклучува шест патролни чамци, неколку хеликоптери и нуркачи.

    Бродот на кој имало 26 лица, од кои 24 туристи и двајца членови на екипажот, се преврте вчера по повик за помош во кој било наведено дека тоне.

    Во овој период од годината, океанот во близина на националниот парк Ширетоко, каде што се преврте бродот, е многу студен, а вчера беше издадено предупредување поради силните ветрови и големите бранови, поради што рибарските чамци се вратија во пристаништето пред инцидентот.

    Премиерот на Јапонија Фумио Кишида го прекина учеството на самитот во Кумамото и се врати во Токио. Тој им рече на новинарите дека им рекол на службениците да направат се што можат за да ги спасат луѓето. Во тек е и истрага за инцидентот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img