More

    Зеленски ги повика Бајден и Макрон да ја посетат Украина

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се бори во регионот на Донбас и оти „нема намера да се предаде“.

    Во интервјуто емитувано од Си-Ен-Ен, Зеленски ја отфрли идејата да ѝ се дозволи на Москва да го преземе Донбас и дел од источна Украина со цел да се запре конфликтот.

    – Украина и нејзиниот народ се јасни. Немаме право на туѓи територии и нема да се откажеме од своите, рече Зеленски.

    Кога Владимир Путин зборува за преземање на Донбас, тој всушност мисли на два големи источни региони, Луганск и Доњецк, кои се протегаат од Мариупол на југ сè до северната граница. Овие два региони го претставуваат Донбас или Доњецки басен, област каде што се произведувал јаглен и челик за време на Руската империја и СССР, потсетува Би-Би-Си.

    Зеленски изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден треба да ја посети Украина и оти бегалците кои ја напуштиле земјата сè уште не треба да се вратат.

    – Мислам дека Бајден, како претседател на САД, треба да дојде овде и да види сè со свои очи, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

    Минатиот петок Белата куќа соопшти дека патување на Бајден во Украина во моментов не е планирано, додека американскиот лидер претходно посочи дека одлучува кој од високите американски функционери ќе ја посети Украина во блиска иднина.

    Претседателот на Украина изјави дека го поканил францускиот претседател Емануел Макрон да ја посети неговата земја за да се увери од прва рака дека руските сили вршат „геноцид“, термин кој Макрон не го користи.

    – Разговарав со Макрон. Тој сака да обезбеди Русија да се вклучи во дијалог, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен, обидувајќи се да објасни зошто Макрон одбива да го користи терминот геноцид во Украина, за разлика од американскиот претседател Џозеф Бајден.

    Зеленски прво го оцени како навредливо одбивањето на Макрон да ги означи злосторствата во Украина како геноцид.

    – Му реков (на Макрон) дека сакам да сфати дека ова не е војна, дека тоа не е ништо друго освен геноцид. Го поканив да дојде кога ќе има можност. Тој ќе дојде да види и сигурен сум дека ќе сфати, рече Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img