More

    „Зегин“ се вклучи во акцијата за чистење

    spot_img

    Со донација на вода и во присуство на дел од вработените, компанијата Зегин како општествено одговорна компанија даде свој придонес во големата еко акција Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта“, која се одржа вчера, на 20 март, а во која се чистеше планината Скопска Црна Гора.

    Иницијативата за оваа акција беше на еколошката активистка Мери Аницин Пејоска и планинарските здруженија „Скопска Црна Гора“ и „Убавините на Скопска Црна Гора“ и извидничкото здружение „Сидро.

    Учествуваа учениците од двете основни училишта во Кучевиште и во Сандево, индивидуални љубители на природата и чистотата, како и локалното население.

    Целта на оваа успешна акција беше да се поздрави доаѓањето на пролетта, но и апел за подигнување на свеста на граѓаните кои не внимаваат на природата и на животната средина. Освен ова, целта на акцијата беше да се допре и до одговорните во државата за ургентно и систематско делување со користење на сите расположливи механизми, казни и други мерки за подобра животна средина.

    Акцијата беше поддржана од општината, како и од општествено одговорни компании, меѓу кои компанијата Зегинкоја со овој придонес сака да ги поттикне и повика и останатите компании на општествена одговорност секаде каде што можат да се вклучат и да придонесат за поголеми и поуспешни проекти на разни полиња.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img