More

    Здружението за социјални иновации АРНО ќе ги мапира младинските социјални претпријатија и идеи и за создавање на регистар

    spot_img

    Здружението за социјални иновации АРНО ќе ги мапира младинските социјални претпријатија и идеи и за создавање на регистар. За таа цел, АРНО креира сеопфатна дата база преку дисеминација на прашалници кои треба да ги дадат основните информации.

    Сите млади (15 до 29 г.) кои имаат идеја за социјално претпријатие и постоечките претпријатија кои вработуваат млади или се водени од млади лица треба да пополнат соодветни прашалници.

    Според АРНО прибирањето податоци е важно бидејќи е потребно да се направат анализи според кои ќе се утврдува каков вид на поддршка им е потребна овие претпријатија, но и за други активности кои ќе бидат од корист за овие претпријатија.

    – Ние како граѓани сме должни сами да придонесеме во процесите, да соработуваме, не само да чекаме и да посочуваме со прст. „АРНО“ работи речиси 10 години и имаме и пријатели, колеги кои ги знаеме, сме ги поддржувале, сме ги промовирале, но после ковид пандемијата не знаеме кој се престанал да работи, или кој е нов на сцената на социјалното претприемништво. Затоа, бараме помош и поддршка, сите кои знаат младински социјални претпријатија и идеи да го пополнат прашалникот-кој се користи на почеток од процесот. Не прашувај што може социјалното претприемништво да направи за тебе, прашај што ти можеш да направиш за него. Еве, доволно е 10 минути за да се помогне на процесот за креирање на базата која ќе ни користи на сите – апелира Марјан Ицоски од АРНО.

    Одговорите на прашалниците ќе послужат за да се вклучат сите чинители во мапирањето и регистарот кој ќе се користи од  Националниот Младински совет за подобро структуирање на компонентата за градење капацитети и отворениот повик за финансирање на постоечки и ново-основани социјални претпријатија.

    По комплетирањето, мапирањето и регистарот ќе бидат јавно достапни на страната на НМСМ и слободни за користење и дополнување од сите заинтересирани страни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img