More

    Жестоката пресметка меѓу партиите ќе ни донесе струја

    spot_img

    Откако ВМРО-ДПМНЕ самоуверено испрати јавна порака до СДСМ слободно да ја одземе струјата која наводно ја произведува Христијан Мицкоски, се огласи СДСМ со список на фирми и хидроцентрали чиј сопственик наводно е опозицискиот лидер. Мицкоски на Фејсбук потсети на одлуките на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Граѓанскиот суд во Скопје.

    Како што е познато, партиските препукувања почнаа кога ВМРО-ДПМНЕ ја објави аферата „Броило“, наводно тешка 26 милиони евра. На ова СДСМ возврати со деманти, но и со порака до Мицкоски да ја отстапи струјата што наводно се произведува во негови хидроцентрали.

    ВМРО-ДПМНЕ возврати со реакција:

    „Ако СДСМ ја пронајде струја која ја произведува Мицкоски, тогаш слободно нека ја одземе. Во спротивно што правиме со 26-те милиони евра тешката афера ‘Броило’? Дезертерот Ковачевски, заедно со неговиот кум, создал соларен картел преку кој се свртеле над 26 милиони евра, преку тендери од државни институции, како и од државна помош“.

    Потоа се огласи СДСМ со прес-конференција, на која претставник на партијата изјави дека Христијан Мицкоски се обидел да се сокрие од јавноста. СДСМ постави неколку прашања до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ:

    „Дали Мицкоски е основач и сопственик на фирмата ‘Енерготек’? Да, еве документ што тоа го потврдува. Таа фирма, заедно со фирмата ‘Минка ДА’ го формира конзорциумот ‘Минка – Енерготек’. Дали овој конзорциум добил државно земјиште за хидроцентрали во време кога Мицкоски е советник за енергетика во Владата? Да, еве исто така документ што тоа го потврдува. Христијан Хидро Мицкоски е познат по своите бизниси со хидроцентрали тоа е факт што никој не може да го побие“.

    Со статус на Фејсбук Мицкоски одговори на обвинувањата од СДСМ:

    „Ја разбирам потребата на СДСМ и нивните инсталации континуирано да водат црна кампања полна со невистини, клевети и омаловажувања кон мене, повеќе од четири години, но македонската јавност мора да ја знае вистината. Имено, во текот на вчерашниот ден, 3 октомври 2022 година, на прес конференција на СДСМ се изнесени се бројни лаги, невистини и клевети со цел да ми се нанесе штета во јавноста, но кога сме кај вистината би сакал да приложам пред македонската јавност два доказа. Првиот доказ е одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата од ноември 2019 година, која постапувајќи по допрен глас утврдила дека не постои судир на интереси, а на тој начин предметот е затворен и архивиран со појаснување на член од комисијата дека сите наводи во јавноста се неточни. Вториот доказ е пресуда на граѓанскиот суд во Скопје од април 2022 година, со која судот констатира дека СДСМ со намера да наштети на мојата чест и углед изнела невистинити факти на својата официјална страна на социјалната мрежа Фејсбук. Нервозни се бидејќи аферата ‘Броило’ покажува колку силно го имаат разорено системот со трговија на влијанија, бизниси и матни тендери“.

    Мицкоски оцени дека во СДСМ се исплашени, бидејќи доаѓа денот кога ќе има одговорност за криминалот, предавствата и за срамот што го нанесоа на македонскиот народ и на Македонија.

    „Мојата борба против криминалците во политиката е безусловна. Колку повеќе лажете и клеветите, толку повеќе ме мотивирате. Со секој изминат ден Македонија е поблиску до слобода, а политичките криминалци до одговорност. Одиме до крај“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img