More

    Еди Рама се фали со постигањата на Албанците во регионот

    spot_img

    Прогласувањето на официјален албански јазик во Северна Македонија и првиот премиер Албанец во Црна Гора се големи достигнувања кои донеодамна не беа замисливи – рече албанскиот премиер Еди Рама во обраќање на заедничка седница на парламентите на Албанија и на Косово, која се одржа денеска во Тирана по повод одбележувањето на 110-годишнината од независноста на Албанија.

    Тој оцени дека ќе има конечно признавање на Косово и дека за тоа нема долго да се чека.

    – Верувам дека неговото конечно признавање ќе дојде порано и дека Косово нема да чека онолку долго колку што чекаше да ја прогласи својата независност, за конечно да биде меѓународно признаено и да биде присутно во секој случај на целата заедничка организација на светот во кој живееме – рече Рама.

    Косовскиот премиер Албин Курти, кој се обрати пред Рама, порача дека Приштина и Тирана не треба да се среќаваат само на празници, туку треба почесто да работат заедно и да ги прифаќаат меѓусебните критики.

    – Нашиот простор, култура и економија не се феуди што некому му припаѓаат. Треба почесто да бидеме заедно, не само на прослави. Мораме да споделуваме идеи меѓу себе и да ги прифаќаме критиките, да работиме меѓусебно – рече Курти.

    Курти изјави дека нивните предци се бореле за дом на сите Албанци, отворен за пријателите кои придонесуваат за мирот.

    – Во Приштина со нетрпение го очекуваме секој успех на Албанија, која направи големи чекори напред. Сигурен сум дека и вие сте подеднакво среќни за нашите успеси, нагласи тој.

    Пред обраќањето на Рама собраниската сала ја напуштија пратениците на Демократската партијата приврзаници на Сали Бериша, кому на беше дозволено обраќање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img