More

    Еврокомесарот Борел се сретна со премиерот Ковачевски

    spot_img

    Ова е момент на будење за Европа, момент кога треба да заживее процесот на проширување со земјите од Западен Балкан. Знам дека имате одредени очекувања и со право. Треба да почнеме формално преговарање за пристапување на Северна Македонија и на Албанија што поскоро и се надевам дека тоа ќе биде можно на следната меѓувладина конференција, порача денеска од Скопје високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

    По средбата со премиерот Димитар Ковачевски, Борел истакна дека Македонија и целиот регион се стратешки приоритет и ЕУ е посветена европската перспектива за овие земји да ја направи реалност.

    Борел го поздрави новиот импулс меѓу Северна Македонија и Бугарија, подвлекувајќи дека ги поттикнува двете страни да најдат заемно прифатливи решенија и да ги разрешат билатералните прашања зашто „проширувањето не може да продолжи ако е попречено од билатерални прашања“.

    -Паралелно, реформите на Северна Македонија во владеењето на правото, борбата против корупцијата, дигиталната трансформнација и зелената агенда ќе овозможат брз прогрес кон преговорите. Сите актери треба да соработуваат за унапредување на европската реформска агенда како најбрз начин земјата да напредува на европската патека – истакна високиот европски претставник.

    Борел ја поздрави позицијата на Македонија во однос на руско-украинскиот спор, застанувајќи зад санкциите и осудувајќи ја агресијата на Русија врз Украина.

    -Одлуката да се усогласите со рестриктивните мерки, јасно ја покажува вашата посветеност кон вредностите на ЕУ и ве става на патот кон Европа не само како кандидатка за членство, туку и како одговорен член на меѓународната заедница зашто ова за што зборуваме е морален избор, а не избор поради калкулации. Јас сум сигурен дека ова го решавате врз основа на моралните принципи – подвлече Борел.

    Сегашната состојба на статус-кво никому не оди во прилог. Блокадата на пристапните преговори за земјава се чувствува во целиот регион. Неопходно е Северна Македонија да има силна и јасна европска перспектива, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со еврокомесарот.

    -Во период на нестабилност, како никогаш досега се јавува потреба Европа да биде обединета и силна.  Војната која се случува е ризик за зголемено влијание на трети страни во регионот за што сите треба да бидеме исклучително внимателни и подготвени. Оставањето геостратешка празнина во нашиот дел од Европа не е опција, брзата интеграција на Северна Македонија и на регионот во ЕУ ќе обезбеди стабилност во Европа. Потребни ни се предвидливи, забрзани и засилени процеси на интеграција во ЕУ – потенцираше премиерот.

    Во однос на руско-украинскиот спор, тој потсети дека Северна Македонија како членка на НАТО и земја кадидат ја постави својата позиција во линија на своите сојузници, САД и НАТО.

    -Од исклучитлена важност е ЕУ и земјите членки да се вклучат, зашто проширувањето со земјите од Западен Балкан е веќе стратешко и безбедносно прашање. Интеграцијата значи посветеност за стабилна и обединета Европа. Земјите од Западн Балкан се тесно поврзани – кога има напредок кај една земја, тоа е поттик за напредок кај другите соседи – истакна Ковачевски, додавајќи дека оваа Влада останува посветена на реформите и реформските процеси, на владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и на економските прашања, а финансиската поддршка од ЕУ ќе даде голем придонес во овој правец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img