More

    Доколку се потврди дека огромен астероид е на пат да удри во Земјата, НАСА и ФЕМА би биле одговорни за информирање на светот

    spot_img

    Доколку се потврди дека огромен астероид е на пат да удри во Земјата, НАСА и ФЕМА би биле одговорни за информирање на светот. Со мотото „подготвени за сè“, овие агенции веќе спроведоа бројни симулации и тестирања на сценаријата за „Судниот ден“ да се уверат дека, доколку дојде тој ден, ќе бидеме максимално подготвени.

    Тоа пред сè се однесува на подготвеноста за навремено откривање и можно уништување на смртоносниот астероид. – Не е прашање „дали ќе“, туку кога да се соочиме со оваа ситуација – вели Томас Зурбухен од НАСА.

    Ова е планот на протоколот за астероид кој се движи кон нас, на НАСА во 5 чекори:

    1. Порака за откривање на опасен астероид оди до група од не повеќе од 12 научници со зборовите „Астероид се приближува. Свикан е итен состанок. “
    2. На состанокот би било договорено итно следење на астероидот и овие научници веднаш би почнале да ја следат неговата траекторија.
    3. Научниците би ја одредиле големината на објектот и според брзината на движење би го процениле времето на удар на нашата планета.
    4. НАСА би потврдила со ФЕМА дали ударот е неизбежен во дадените параметри.
    5. НАСА и ФЕМА ќе свикаат итна прес-конференција за да дадат јавен извештај за претстојниот астероид. Во тој момент, агенциите би ги истакнале и своите планови за „заштита на Земјата“.

    Иако се подготвени, научниците истакнуваат дека можноста за реализација на сценариото за Судниот ден е мала. Според НАСА, астероид широк околу 1,6 километри удира во Земјата приближно еднаш на милион години. Во проекциите за спасување приоритет е заштитата на човештвото, а астероидот веројатно би бил погоден од ласери. Исто така постои можност да се втурне вселенско летало во астероид и да се детонира астероидот со бомба (било нуклеарна или класична) за да се пренасочи од неговата орбита или да се скрши на помали, многу побезбедни парчиња.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img