More

    Директорката на битолското училиште ја демантира бугарската фондација

    spot_img

    Директорката на средното техничко училиште во Битола „Ѓорѓи Наумов“ Жанета Сервини ги демантира тврдењата на фондацијата „Бугарска памет (меморија)“ дека ученици од ова училиште биле во посета на Софија и таму посетувале предавања во музејот на национална историја,

    Директорката Сервини демантира дека младите од фотографиите објавени на веб страницата на профилот на фондацијата се ученици во битолското техничкото училиште.

    „Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменик-директорот Љупчо Здравковски, за да воспоставиме Еразмус Плус“ соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта. Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето, се вели во реакцијата на Сервини.

    Фондацијата „Бугарска памет“ во својот текст пишува дека студентите од ова битолско училиште се „истомисленици на Иван Михајлов“ и во Софија слушале предавања за историјата на Бугарија.

    Веста ја коментираше и СДСМ, кој ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски дека „нивни кадри“ го организирале ова патување и ги злоупотребиле учениците од ова училиште.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img