More

    „Дизни“ му понуди 301 милион долари на Џони Деп

    spot_img

    Холивудскиот актер Џони Деп неодамна на суд ја победи својата поранешна сопруга Амбер Херд, со тврдење дека била малтретирана и силувана во бракот.

    Поротата и целата јавност која го следеше судењето застана на страната на Џони, а сега тоа наводно го прави и студиото „Дизни“ кое пред неколку години го отпушти од франшизата „Пиратите од Карибите“.

    Филмското студио одлучило да го отпушти главниот актер, по што Деп изјавил дека е разочаран и повреден, како и дека „нема да се врати кај Пиратите ниту за 300 милиони долари и милион алпаки“.

    Деп оваа изјава ја повтори и на неодамнешното судење, во знак на протест поради фактот што челниците на студијата, со кои со години соработуваше и помагаше со сценарија за филмовите кои заработија милијарди долари, не му поверуваа кога тврдеше дека Амбер лаже.

    Сега кога на суд е докажано дека е невин, студиото планира да го врати во „Пиратите“.

    Поради изјавата „ниту за 300 милиони долари“, „Дизни“ наводно одлучил да му понуди 301 милион долари за две продолженија и серија на каналот „Дизни плус“.

    Неименуван извор од студиото, кој за американските медиуми ги открил наводните планови на „Дизни“, додава дека челниците на студиото се надеваат дека актерот ќе се премисли кога ќе ја слушне оваа бројка, но и ќе прости и ќе ја продолжи соработката.

    Погледнете го моментот кога Џони потврдува „ниту за 300 милиони долари и милион алпаки“:

     

    Меѓутоа, неговиот портпарол ги демантираше гласините дека актерот ќе се врати во улогата на Џек Спероу и изјави дека гласините за враќањето на Деп во франшизата се измислени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img