More

    Деца умираат, Мариупол е збришан од лицето на земјата

    spot_img

    Војната доведе до затворање и сериозни оштетувања на големата фабрика за челик Азовстал, а локалните власти бараат дополнителна помош од западните земји. Падот на Мариупол, велат бројни анализи, би значело голем напредок за Русите, кои на тој начин би го поврзале Крим со териториите што ги држат руските сепаратисти.

    – Деца умираат, стари луѓе. Градот е уништен и збришан од лицето на земјата – изјави полицаецот од Мариупол, Михаил Вершин од улицата цела со урнатини во видеото испратено до западните лидери, чија автентичност ја потврди Асошиетед прес.

    – Еден од најголемите металуршки погони во Европа е всушност уништен – изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Вадим Денисенко.

    Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович објасни дека најблиските сили, кои би можеле да му помогнат на Мариупол, се борат против руската армија или се премногу далеку.

    – Во моментов нема воено решение за Мариупол – рече Арестович.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се обидува да ги изгладне жителите на украинските градови за да се покорат, но нагласи дека продолжувањето на војната ќе има големи последици и за Русија. Во исто време тој повторно го покани рускиот претседател Владимир Путин на средба со цел да се запре крвопролевањето.

    – Дојде време да се врати територијалниот интегритет и правдата на Украина, инаку трошоците на Русија ќе бидат толку високи што неколку генерации нема да можат повторно да се кренат – рече Зеленски, осудувајќи го собирот на Путин во Москва за одбележување на годишнината од анексијата на Крим, пишува АП.

    АП наведува и дека проценките за бројот на убиени руски војници се различни, но и најниските бројки зборуваат за илјадници. Инаку, Русија за прв пат употреби хиперсонична ракета, која, како што соопшти руската страна, уништила подземен магацин во кој се наоѓале украински ракети и муниција во западниот регион на Украина.

    Според руските извештаи, Кинжал, како што е името на хиперсоничната ракета што ја носат борбените авиони МиГ-31, има дострел до две илјади километри и лета десет пати побрзо од звукот, наведува АП.

    АП ги пренесува изјавите на Украинката Ирина, која денеска чекала да се качи во автобус во тријажниот центар во близина на молдавско-украинската граница. Таа решила да го напушти својот дом во Миколаив откако силна експлозија ги потресла ѕидовите и ја разбудила нејзината ќерка.

    – Можете ли да замислите каков страв доживеав, не јас туку моето дете – вели Ирина.

    Напади денеска претрпеа и предградијата на Киев, соопштија локалните власти, велејќи дека Славутич, 165 километри северно од главниот град, е „целосно изолиран“. Во петокот, во Макарив, град на околу 50 километри од Киев, седум лица загинаа, а пет беа ранети во минофрлачки напад, соопшти киевската полиција, објаснувајќи дека се уништени куќи и оштетени згради.

    Гувернерот на областа Запорожје, Олександр Старук, објави полициски час од 38 часа, откако девет лица вчера беа убиени во два ракетни напади врз предградијата. Украинската полиција соопшти дека руската војска пукала врз осум градови и села во Доњецк во последните 24 часа. Биле погодени училиште, музеј и трговски центар, при што загинаа десетина цивили, а беа оштетени најмалку 37 станбени згради.

    Во западниот град Лавов, кој вчера беше погоден од руски ракети, воени ветерани обучуваа десетици цивили како да ракуваат со огнено оружје и гранати.

    – Тешко е затоа што имам многу слаби раце, но можам да се справам – изјави 22-годишната Катарина Ишченко.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img