More

    Деспотовски е задоволен што просечната плата во зоните е 29.599 денари

    spot_img

    Просечната нето плата во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) лани била 29.599 денари што е 3 отсто повисока од просечната плата во државата, а просечниот број вработени достигнал 13.650 за разлика од 2020 година кога бил 13.014, соопшти денеска директорот на Дирекцијатата за ТИРЗ, Јован Деспотовски.

    Презентирајќи ја годишната анализа за економските активности во зоните, Деспотовски информира дека вкупно исплатената државна помош за ТИРЗ лани била 731.842.688 денари, додека вкупните уплати од зоните во Буџетот изнесувале 1, 958 милијарди денари од кои 167.403. 585 денари данок на плати и надоместоци и 1,790 милијарди денари придонеси од задолжително социјално осигурување.

    Вкупно 22 компании од ТИРЗ бележат зголемување на бројот вработувања, 7 намалување, а 5 се со ист број вработени. Во однос на приходите, 24 фирми евидентирале пораст, а осум пад.
    Според анализата, 18 компании лани оствариле добивка, а 16 компании забележале загуби.

    – Износот на нето добивката во 2021 година бил 5, 981 милијарди денари што е пораст од 10,8 отсто. Нето загубата лани била 1, 623 милијади денари или пораст од 2,26 отсто – рече Деспотовски.

    Тој додаде дека вкупната актива во зоните лани била 102.350.007.121 денар што е раст од 7,14 отсто во споредба со 2020 година, но и пад од 2,02 процента во однос на 2019 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img