More

    Да се спроведе Договорот за добрососедство

    spot_img

    Нема нешто ново во врска на темата за Северна Македонија што би можело да го промени досегашниот став на Бугарската социјалистичка партија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на социјалистите во Собранието на Бугарија, Георги Свиленски.

    Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој нагласи дека единственото нешто што може да го промени ставот на БСП е спроведување на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија од 2017 година, што, според него, во оваа фаза не е случај.

    Според Свиленски, свикувањето на Консултативниот совет за национална безбедност за односите со земјава е добра идеја и нема никаков проблем тој да се одржи, бидејќи колку повеќе информации се споделат, толку е подобро.

    Изјавата на Свиленски доаѓа пред вечерашната средба на лидерите на партиите од бугарската владина коалиција на која главна тема ќе бидат односите со Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img