More

    Грковска се сретна со директорката на Регионалната школа РеСПА

    spot_img

    Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше средба со директорката на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА), Маја Ханџиска Трендафилова, со која разговараше за можностите за унапредување на соработката во насока на зајакнување на капацитетите на јавната администрација во Република Северна Македонија.РеСПА е регионална школа за јавна администрација, раководена од пет земји членки од регионот, односно од Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.Вицепремиерката Грковска оцени дека зајакнувањето на капацитетите на администрацијата е еден од најважните приоритети на Северна Македонија, особено ако се има предвид почетокот на пристапните преговори за членство во Европската Унија.– Администрацијата треба да биде клучниот столб кој на себе ќе го понесе овој процес, но и неопходните реформи што мора да се спроведат и затоа мора да се работи на зајакнување на капацитетите и унапредување на ефикасноста – истакна Грковска.Директорката Ханџиска Трендафилова оцени дека РеСПА може да даде сериозна поддршка во процесот на унапредување на состојбите во администрацијата, како преку компаративни искуства и успешни примери кои веќе во други земји дале резултати, така и преку конкретни проекти во делот на дигитализацијата на услугите, менаџментот на квалитетот, доброто владеење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img