More

    Голманот на Интер го истетовирал автограмот на Меси на раката

    spot_img

    Голманот на Интер од Мајами, Франциско Раниери на раката го истетовира автограмот што му го дал аргентинскиот фудбалер Лионел Меси.

    Меси неодамна го посети тренинг центарот на американскиот клуб додека се подготвуваше со репрезентацијата на Аргентина за пријателскиот натпревар против Хондурас. На 24 септември Аргентина победи со 3:0, а двоен стрелец беше Меси.

    Раниери, кој брани за помладите селекции на Интер, се сретнал со Меси и бил воодушевен што го запознал славниот сонародник, па побарал од него автограм, односно потпис на левата рака, објави сајтот Гол. Аргентинскиот голман потоа направи тетоважа од автограмот. Тој рече дека средбата со Меси е „најдобриот ден во неговиот живот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img