More

    Голема американска студија: вакцините против Ковид не се поврзани со смртни случаи

    spot_img

    Голема студија за несакани ефекти од вакцината во САД не откри врска помеѓу две дози на вакцината против Ковид и бројот на смртни случаи пријавени по вакцинацијата.

    Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопштија дека 92 отсто од пријавените несакани ефекти биле по вакцините Pfizer и Moderna и биле благи, пишува BBC.

    Околу 4.500 луѓе починаа по вакцинацијата во САД до јуни 2021 година.

    Но, податоците не открија необични обрасци што би можеле да укажат на поврзаност со самата вакцина.

    „Уверливо е дека реакциите на двете mRNA вакцини се генерално благи и се повлекуваат по еден или два дена, потврдувајќи ги извештаите од клиничките испитувања и следењето по добивањето одобрение“, рече авторот на студијата, д-р Том Шимабукуро.

    Воспаление на срцето
    Истражувачите забележале „несакани настани“ од скоро 300 милиони дози од вакцината дадена во Соединетите држави помеѓу декември 2020 година и јуни 2021 година.

    Членовите на јавноста, давателите на здравствени услуги и фармацевтските компании можат да пријават какви било можни несакани ефекти користејќи го Системот за известување за несакани настани за вакцина (VAERS), управуван од ЦДЦ и Управата за храна и лекови на САД (ФДА).

    Вториот метод, „V-safe“, им овозможува на поединците да пополнат анкета на својот паметен телефон во месеците по вакцинацијата.

    И двата системи се потпираат на поединци кои одлучуваат самите да пријават несакан настан.

    Резултатите од студијата беа објавени во медицинското списание The Lancet.

    Според VAERS, ЦДЦ примила повеќе од 340.000 пријави за несакани дејства по вакцинацијата, од кои 92 отсто биле регистрирани како благи.

    Најчести несакани ефекти биле главоболка, замор и треска.

    Од повеќе од 22.000 настани евидентирани како сериозни, најчестиот бил отежнато дишење

    Други сериозни настани, вклучувајќи форма на воспаление на срцето познато како миокардитис, веќе се идентификувани по вакцинацијата со Pfizer и Moderna, иако овој несакан ефект е редок.

    Бидејќи вакцините против Ковид првично беа одобрени во Соединетите Држави во согласност со прописите за итни случаи, здравствените работници се обврзани да ги пријават сите смртни случаи по вакцинацијата, без разлика дали лекарот се сомнева или не на „можна“ врска.

    Во шесте месеци до јуни 2021 година, регистрирани се околу 4.500 смртни случаи, повеќе од 80 отсто кај луѓето на возраст над 60 години.

    Стапки на смртност
    „Брзото темпо со кое се даваа вакцините против Ковид-19 во итни случаи, особено кај постарата популација, беше без преседан“, рече д-р Дејвид Шеј од ЦДЦ.

    Истражувачите рекоа дека помалку од еден процент од луѓето кои ја пополниле анкетата „V-safe“ побарале каква било медицинска нега по вакцинацијата.

    „Податоците од VAERS за шест месеци потврдуваат дека, иако приближно една од 1.000 вакцинирани лица можеби имала несакани ефекти, повеќето не биле сериозни. рече д-р Елизабет Филипс, професор по медицина на Универзитетот Вандербилт, која не беше вклучена во студијата,

    За несаканите настани од особен интерес, убедливо е дека немаше неочекувани безбедносни сигнали освен миокардитис и анафилакса, за кои веќе е познато дека се поврзани со mRNA вакцините.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img