More

    Гладта и сиромаштијата се оружјата на руската војска

    spot_img

    Германската министерка за надворешни работи Аналена Бeрбок синоќа ја обвини Русија дека го блокира извозот на жито од Украина и го користи како оружје во војната, јави ДПА.

    „Русија ја води оваа војна со Украина со уште едно страшно и моќно оружје: глад и немаштија. Со блокирање на украинските пристаништа, уништување силоси, патишта и железници, Русија започна војна со жито, предизвикувајќи глобална криза со храна“, нагласи таа на министерската средба во ОН во Њујорк.

    Според Бербок, тоа се случува „кога на милиони веќе им се заканува глад, особено на Блискиот Исток и Африка“ поради ефектите од климатските промени, пандемијата на Ковид и вооружените конфликти во нивните региони.

    Според германската Влада, руската армија го блокирала извозот на 20 милиони тони жито, главно наменето за земјите во Северна Африка и Азија. Најголем дел од житото е во пристаништето Одеса.

    Украина е меѓу водечките светски производители на жито.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img