More

    (Галерија)Директорот на БЈБ Сашо Тасевски на состанокот на шефовите на полициски служби, во рамки на Брдо Процесот кој се одржа во Порторож, Република Словенија.

    spot_img
    „Во периодот од 17-18.11.2022 година присуствував на состанокот на Шефовите на полициски служби, во рамки на Брдо Процесот кој се одржа во Порторож, Република Словенија.
    Во рамки на состанокот, остварив средби со Министерката за внатрешни работи на Република Словенија, г-ѓа Татјана Бобњар, и со в.д Генералниот Директор на полицијата г-дин Боштајн Линдав, при што разменивме мислења во однос на состојбите со миграцијата на Западен Балкан и регионот.
    На состанокот на Шефовите на полициските служби во рамки на Брдо процесот, беше истакната важноста од зајакнување на соработката на земјите од ЕУ со земјите од Западен Балкан и европските агенции како ЕВРОПОЛ и ФРОНТЕКС, која е од исклучителна важност со оглед на појавата на нови миграциски патишта и предизвици, како и состојбите со илегалната миграција и криумчарењето мигранти.
    Исто така, нагласив дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во целост ги поддржува иницијативите во рамки на Брдо Процесот, и дека сигурна и безбедна средина за живеење на нашите граѓани може да се реализира единствено преку постојано зајакнување на заедничката оперативна соработка, и побрза но и поефективна размена на информации на билатерално и мултилатерално ниво“,објави тасевски на својот фејсбук профил.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img