More

    Во 2050 година Западот ќе го обезбедува поредокот

    spot_img

    Светот во 2050 година ќе биде мултиполарен, со многу влијателни држави, вклучително и Русија, кои ќе ги следат сопствените интереси, а главната задача на Западот ќе биде да обезбеди таквиот поредок да функционира, објасни германскиот канцелар Олаф Шолц во неделата, во интервју за американската мрежа Си-Би-Ес.

    Според него, многу земји ќе бидат важни, САД, Русија, Кина, ЕУ, но и земјите во Унијата, како и Индонезија, Индија и Јужна Африка.

    Сепак, германскиот канцелар посочува дека функционирањето на еден таков поредок ќе биде огромен предизвик и дека треба да се стремиме кон мултилатерален свет, а не мултиполарен, бидејќи мултилатерален свет „значи оној кој работи заедно на решавање на проблемите“.

    Зборувајќи за неодамна одржаниот самит на НАТО во Мадрид, каде Кина беше посочена како една од главните закани за светот, Шолц вели дека неговото предвидување за светот во 2050 година е токму тоа. Тој објаснува дека тоа само значи дека блокот е многу свесен за проблемите што го очекуваат.

    Тој посочи и дека членките на НАТО се демократски земји кои не се агресивни кон другите земји, но дека постојат во услови кога постојат и агресивни земји. Но, демократиите ќе останат силни затоа што се поддржани од народот.

    – Треба да биде јасно дека заканите што не очекуваат во иднина доаѓаат од автократски држави бидејќи тие имаат тенденција да бидат агресивни – рече Шолц

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img