More

    Во вторник одиме во Брисел на првата меѓувладина конференција

    spot_img

    Кажуваме „да“ за зачувување на македонскиот идентитет, и дома и насекаде во светот. Ова го рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција откако Владата донесе одлука да го поддржи францускиот предлог.

    – Никој не смее и нема да преговара за македонските идентитетски прашања. Нашата досегашна и идна работа уште повеќе го зајакнува идентитетот. Продолжуваме уште посилно во развојот на државата. Конечно денеска ја имам честа да го најавам датумот за првата меѓувладина седница која ќе се одржи на 19 јули во Брисел. Ве повикувам на заедништво, на верба и оптимизам. Потребно ни е обединување за ново сонце на слободата, за граѓанска и европска држава. На крај, уште еднаш сакам да ве убедам дека ќе успееме, ќе сработиме и ќе изградиме силна држава. Со вас, за вас, во име на нашите претци, за денешните и идните генерации – рече Ковачевски.

    Горд сум на тоа што немаше ниту еден глас „против“ францускиот предлог денеска во Собранието, додаде премиерот.

    – Коалицијата е цврста и таа ќе опстои до редовните парламентарни избори во 2024 година. Видовте дека и помалите коалициски партнери го поддржаа предлогот. А што се однесува до ставовите на лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, кој има забелешки на францускиот предлог, сметам дека е здраво и добро секој субјект да има свое мислење. Министерот за надворешни работи Бујар Османи уште денеска ќе ја информира Бугарија во врска со заклуќоците и ќе се финализира Протоколот. Во текот на денот министерот ќе ве информира за процесот и за содржината – рече Ковачевски.

    Тој се осврна и на однесувањето на опозицијата.

    – Во однос на опозицијата, јас мислев дека ВМРО-ДПМНЕ навистина ќе се реформира, меѓутоа гледам дека ниту милиметар не е променета од времето на Никола Груевски. Сега пратениците потпишуваат нотарски изјави, а според Устав се независни пратеници. Тие во Собранието ги претставуваат граѓаните коишто ги избрале. ВМРО-ДПМНЕ нека објасни што има против внесување на Бугарите во Уставот? – праша премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img