More

    Во Албанија нови цени имаат маслото, шеќерот, брашното и оризот

    spot_img

    По нова, повисока цена од денеска албанските граѓани купуваат неколку основни прехранбени продукти.

    Според одлуката на подвладиниот Одбор за транспарентност, нови цени имаат маслото за јадење, шеќерот, брашното и оризот.

    „Врз основа на одлуката, цената на литар масло за јадење сега изнесува 321 лека или 2,6 евра, килограм шеќер 123 лека, килограм ориз 104 и килограм брашно 90, 5 лека“, пренесува Ора њуз.

    За сите оние трговци на големо кои нема да ги почитуваат определените цени од Одборот следува парична казна од 10 милиони лека, за трговците на мало 2 милиони лека.

    „Доколку се утврди повторено прекршување на одлуката, односно злоупотреба на цените, правниот субјект ќе биде затворен, а производите одземени“, стои во одлуката.

    Исто така, со овој нормативен акт, меѓу другото, сите трговци се обврзани да преземат мерки и за одржување резерви за три месеци, во согласност со рокот за употреба, со цел да гарантираат нормално снабдување на населението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img