More

    Владата донесе препораки и план за штедење на енергија

    spot_img

    Сите државни, јавни институции и јавни претпријатија да ја намалат потрошувачката на струја за 15 отсто во однос на лани. Владата донесе план за штедење на електрична енергија и топлина во периодот на зимата кој ќе важи од 1 септември годинава до 30 март следната година.

    – Институцииите, јавните претпријатија и општините имаат задолженија за намалување на потрошувачката на струјаза 15 отсто. Од 1 септември до 30 март ќе треба да го исклучат декоративното осветлување, да не се користи осветлеување. Термостатите на климатизерите да бидат 27 степени во лето и 20 степен во зима. Исклучување на струја кога ќе се напушти просторијата и кога има дневна светлина, печатење на материјали  само колку се потребни, старите сијалици да се заменат со нова. Да се менуваат филтрите на клима уредите. Инсталирање колекторски системи за загревање на вода. Да се инсталираат интелигентни системи за потрошувачка на енергија – информира министерот за економија Крешник Бектеши.

    Институциите ќе треба да определат лица кои ќе се грижат за потрошувачката на енергија.

    – Раководителите на институциите ќе треба да поднесуваат извештај за потрошувачката за струја за секој месец, споредени со истиот месец од претходната година.На 15 секој месец владата ќе ги објави резултатите од потрошувачката на секоја институција споредено со истиот месец, согласно обврските преземени од раководителите на сите институции во кризна состојба – рече Бектеши.

    Бектеши рече дека и општините треба да се придржуваат кон планот за штедење на енергијата и да ја намалат потрошувачката.

    Тој рече дека за институциите кои нема да ги почитуваат препораките ќе следат казни.

    Бектеши апелираше домаќинствата и компаниите да штедат енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img