More

    Викторија ја отстрани тетоважата посветена на Дејвид Бекам

    spot_img

    Викторија и Дејвид Бекам се во брак 23 години, а за нивниот однос многу се зборуваше во медиумите, особено за наводните афери на Дејвид.

    Кога се одлучуваат за тетоважи, луѓето често избираат мотиви кои имаат посебно значење за нив, а често паровите си ги посветуваат тетоважите еден на друг и на тој начин сакаат уште повеќе да ја зајакнат својата љубов и да изразат почит и поврзаност.

    Викторија Бекам на својот сопруг му посветила тетоважа на левиот зглоб, тетовирајќи ги неговите иницијали, меѓутоа, сепак решила да ја отстрани, а многумина се запрашаа дали тоа значи дека „не цветаат рози“ во нејзиниот брак.

    Како што открила за „Тудеј“, Викторија рекла дека тоа нема никаква врска со нивната врска.

    „Мојот сопруг има толку многу убави тетоважи, а исто така и децата и тие се многу добри. И тие беа направени од феноменални уметници, но моите беа подебело исцртани и едноставно не изгледаа толку убаво“, раскажала модната дизајнерка.

    Како што истакнала, нема потреба да се бара никакво скриено значење во нејзината одлука да се „ослободи“ од тетоважата.

    „Едноставно не изгледаа толку убаво“, додала таа. „Не значи ништо повеќе од тоа. Мислам дека медиумите почнаа да шпекулираат дали го оставив сопругот. Не, само ми се гадеше од тетоважата. Тоа е толку едноставно“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img