More

    Видео од застрашувачки експлозии во станбен блок во Доњецк објавено на Твитер ги покрена сомнежните дека Русите користат термобарични бомби во Украина

    spot_img

    Видео од застрашувачки експлозии во станбен блок во Доњецк објавено на Твитер ги покрена сомнежните дека Русите користат термобарични бомби во Украина, пишува Слободна Далмација.

    Ваквото оружје е способно да растура магла од високозапаливи аеросоли пред самата експлозија.

     

     

    Кога експлодира бомбата, облакот од пареа се пали и го вшмукува околниот воздух, создавајќи повисоки температури и поштетни експлозии, кои траат многу подолго од вообичаените експлозии. Спротивно на тврдењата на руското министерство, кое го негира гранатирањето на станбени области, се шпекулира дека новообјавеното видео ги побива тие тврдења.

    По кратката пауза за прегупирање, бруталниот напад на источен Донбас од страна на Русите продолжи оваа недела со серија разорни напади додека трупите на Путин се обидуваат да заземат поголема територија во југоисточна Украина.

    Во извештајот на украинските копнени сили се вели дека руските единици сега се обидуваат да го одбранат теренот што веќе го зазеле во областите Луганск, Запорожје, Керсон и во Харков.

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека целта на Кремљ е повторно да го заземе целиот регион Донбас, што ќе рече контрола врз целиот регион на Луганск и на Доњецк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img