More

    Бурата Јунис засега одзеде два човечки животи

    spot_img

    Најмалку две лица загинаа во силна бура во Холандија, соопштија пожарникарите.

    Врз едно лице падна дрво попладнево во Амстердам, а во Диемен на истокот на Холандија загина жена откако дрво паднало врз нејзиниот автомобил.

    Невремето со налети на ветер на ниво на ураган парализираше делови од државата. Откорнати дрвја, уништени покриви и превртени камиони. Се урна покрив на фудбалски стадион во Хаг.

    Холандскиот железнички и јавниот превоз е во прекин, а училиштата и центрите за тестирање и вакцинација се затворени. Екстремните временски услови предизвикаа откажувања и одложувања на летовите на аеродромот Схипхол во Амстердам.

    Метеоролошката служба издаде највисоко, црвено ниво на тревога, за крајбрежните провинции на запад и големи области на север до вечер. Тие предупредија на „опасни ситуации“ поради силните налети на ветар до 130 километри на час.

    Бурата Јунис беснее низ Британските острови. Поради лошото време во раните утрински часови издадено е црвено предупредување кое не се издава често.

    Бритиш ервејс откажа најмалку 80 летови до и од аеродромите во Лондон. Логанер откажа и повеќе од 30 домашни летови. Аеродромот ги предупредува патниците да ги проверат најновите информации за летот на веб-страницата.

    Инаку, на милиони луѓе во Велика Британија им беше кажано да останат дома. Оваа атлантска бура ги погоди Велика Британија и Ирска со рекордно силен ветер до 200 километри на час, остави десетици илјади луѓе без струја, спречи авиони да слетаат и откорна дрвја и покриви низ целата земја.

    Невремето ја погоди западна Англија, стигнувајќи до Корнвол каде брановите го обиколија брегот и покривите на куќите, покажува снимката на Ројтерс. Во Велс, брановите го преплавија шеталиштето Абериствит, некои високи колку куќи. Повеќе од 100.000 луѓе останаа без струја, срушени се далноводи и паднати дрвја.

    Во Лондон налетите на ветерот ги потресоа зградите и го откорнаа покривот на куполата Милениум, покажуваат снимките објавени на Интернет. „Бурата Јунис навистина удира силно“, рече Френк Саундерс, шеф на метеоролошката канцеларија. „Издаваме црвен аларм само кога мислиме дека времето е опасно по живот“, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img