More

    Брутален убиец сака да биде дел од Вагнер бидејќи имал специјална вештина!

    spot_img

    Серискиот убиец Михаил Попков (58) сака да се приклучи на приватната војска Вагнер, во која веќе има „илјадници убијци, силувачи и други закоравени криминалци“.

    Поранешниот полицаец Попков, познат како Врколакот и манијакот, убил 83 жени и отслужува две доживотни затворски казни и дополнителни девет години кои ги заработил во три судења, пишува Дејли Мејл.

    Полициски извор верува дека вистинската бројка на неговите жртви е близу 200. Пред да ги убие со секири, чекани, ножеви, шрафцигери или лопати, Попков ги силувал повеќето од своите жртви на возраст од 18 до 50 години. И покрај тоа, руските власти и дозволија на државната телевизија да го интервјуира зад решетки додека тој молеше да им се придружи на борците на Путин.

    Попков се надева дека ќе ја искористи ситуацијата, како досега ослободените 40.000 осуденици, за да биде пуштен на слобода. Тој признал уште повеќе убиства додека се борел за место во војската Вагнер кај пријателот на Путин, Евгениј Пригожин.

    Руската државна телевизија го прашала кој е неговиот сон, на што тој одговорил дека сака да оди во војска.

    – Не би се двоумел да се приклучам во војната. Иако сум во затвор 10 години, мислам дека нема да биде тешко да научам нови вештини – рече Попков.

    Помеѓу 1992 и 2010 година, Попков ги тероризираше жените во неговиот роден град Ангарск, затоа што сакал да го „исчисти градот од проститутки”. Психијатриската евалуација на Попков му дијагностицирала убиствена манија, состојба во која личноста има ирационална желба да убие некого. Сепак, серискиот убиец е пронајден здрав. Русија има мораториум на смртната казна од 1996 година.

    – Ова не е компјутерска игра, ова не се книги за суперхерои. Се надевам дека ќе го преживеам екстремниот студ во јануари и февруари – рекол убиецот, кој служел во „Црвената армија“ и сугерирал дека неговото искуство може да им помогне на Русите во Украина.

    Зборувајќи претходно од зад решетки во Иркутск, тој изрази жалење и каење за своите постапки.

    „Имам многу за жалење. На пример, ништо од ова не сѐ случеше и што да не ги направив тие работи. Имав многу време за размислување – објасни Попков.

    Наталија Зверева, која беше сексуално нападната и убиена во сибирска шума, беше неговата 82-ра жртва. Попков на инспекторите им рекол дека ја силувал Зверева, потоа се скарале и ја убил. После тоа, го фрлил нејзиното тело во реката. Застрашувачко видео од неговата семејна архива го прикажува убиецот од 1990-тите како оди кон камерата фаќајќи нож додека рецитира повоена детска рима.

    – Ќе те пресечам. Ќе те тепам. Сега ти е редот – вели тој со злобна насмевка.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img