More

    Бритни Спирс остро до семејството

    spot_img

    Принцезата на поп-музиката Бритни Спирс молчеше сите овие години само затоа што мораше поради договорот кој ги контролираше нејзината кариера, финансии и приватниот живот, но откако судот одлучи дека нејзиното семејство, особено нејзиниот татко, повеќе нема никаков удел во нејзиниот живот, пејачката го „одврза јазикот“.

    Бритни минатата недела го изговори судбоносното „да“ на своето долгогодишно момче Сем Ашгари. Иако венчавката не помина без инциденти, поради ненајавениот упад на нејзиниот поранешен сопруг, кому по полициска наредба и жалба од страна Спирс доби забрана за приоѓање, пејачката меѓу другото решила целосно да расчисти со своето семејство.

    На венчавката на Бритни не бил поканет ниту еден член од нејзиното семејство, пред сѐ, нејзината мајка, татко и сестра, но пејачката сакала на листата на непожелни во животот да го стави и својот брат Брајан.

    „Никогаш не си бил поканет на мојата венчавка. Дали навистина мислиш дека сакам брат кој не ми даде да испијам ниту една чаша виски цели четири години? Ако мислевте дека сите ќе бидеме заедно на венчавката и ќе се преправаме дека сме добри – ти, таа „сестра Лин Спирс“ и мама, а пред тоа криевте кафе и алкохол од мене кога влегував дома – многу сте се излажале. Ме повредивте многупати, на многу нивоа“, напишала Бритни на Инстаграм.

    Како што пишува „Page Six“, братот Брајан бил задолжен да ја контролира Бритни деноноќно за време на концертните активности во Лас Вегас од 2013 до 2017 година. Тогаш уште била под контрола на нејзиниот татко.

    „Можеби вечерва ќе се натерам себеси да ја испијам таа една пијачка која ми ја забранувавте. Ќе погледнам кон небото и месечината и ќе кажам: „Е*ете се! Знам дека крвта не е вода, но недно семејство не би го направило она што вие мене ми го направивте““, заклучила Спирс.

    Имено, според странските медиуми и документарецот кој се занимава со животот и кариерата на Бритни Спирс, пејачката не била само контролирана од страна на семејството, туку сите колективно заработувале на нејзин грб 14 години и ја терале да одржува концерти и да снима албуми кои не ги сака.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img