More

    Британија ќе ја поддржи Полска доколку одлучи да испрати авиони во Украина

    spot_img

    Британскиот министер за одбрана Бен Валас во вторникот изјави дека неговата земја ќе ја поддржи Полска доколку таа одлучи да испрати борбени авиони во Украина, но предупреди дека тоа може да има директни последици за Полска.

    „Би ги поддржал Полјаците и нивниот избор, каков и да е“, изјави Валас за Sky News, пренесе Ројтерс. Тој додаде дека ОК не може да понуди авиони што Украинците би можеле да ги користат.

    „Ние би ја заштитиле Полска и би им помогнале со се што им треба“, рече Валас.

    „Полска разбира дека нејзините одлуки не само што директно ќе и помогнат на Украина, што е добра работа, туку може и да ги доведат Полјаците во директен конфликт со земји како Русија или Белорусија“, додаде британскиот министер.

    Британија испрати одбранбено оружје за Украина, како и друга воена и хуманитарна помош.

    Валас рече дека во среда ќе го информира Парламентот за тоа каква понатамошна помош ќе обезбеди Британија, а ќе зборува и за мерките што британската влада ќе ги повика другите земји да ги спроведат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img