More

    Борел: Нема гаранција дека ЕУ наскоро ќе воведе забрана за увоз на руска нафта

    spot_img

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел рече дека нема гаранција дека блокот од 27 земји ќе може брзо да се договори за нов сет на санкции против Русија, бидејќи мала група земји предводена од Унгарија се противи на забраната за Руски увоз на нафта.

    На 4 мај, Европската комисија го предложи шестиот пакет санкции поради војната во Украина, кој вклучуваше забрана за увоз на нафта од Русија. Унгарија е една од многуте земји без излез на море, кои во голема мера зависат од руската нафта, заедно со Чешка и Словачка. Резерви има и Бугарија, пишува Асошиејтед прес.

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел рече дека ЕУ ќе стори се за да ја деблокира ситуацијата.

    „Не можам да гарантирам дека тоа ќе се случи бидејќи позициите се доста силни“, рече тој денеска додека се подготвуваше да претседава со состанокот на министрите за надворешни работи на блокот.

    Борел рече дека „некои земји-членки се соочуваат со поголеми тешкотии бидејќи се позависни затоа што немаат излез до морето“ и дека „нафта имаат само преку нафтоводи, од Русија“.

    Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис изјави дека „целата унија е заложник на една земја членка“. Тој вели дека на земјите како Унгарија им било понудено постепено укинување на руската нафта до 31 декември 2024 година и дека „сите очекувале дека тоа ќе биде доволно“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img