More

    Борба за трофеј во мај значи неверојатна сезона

    spot_img

    Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола го сподели своето мислење за претстојниот натпревар со Ливерпул во рамките на 32. коло од Премиер лигата.

    – Знаеме дека Ливерпул сака да ги добие преостанатите натпревари, но се надевам дека не и следниот. Ние исто така сакаме да победуваме до крајот на првенството. Кога тимот се бори за титулата во мај, тоа значи дека имал неверојатна сезона, работи напорно и го прави тоа цело време. Противникот е многу силен, кој најави водење на достојна битка и ние го прифаќаме тоа – изјави Гвардиола за „Скај Спортс“.

    На 10 април Сити ќе го пречека Ливерпул на „Етихад“. Почетокот е во 17:30 часот.

    Вчера Ливерпул на домашен терен го победи Вотфорд со 2:0, додека Манчестер сити со истиот резултат ги освои бодовите на гостувањето кај Барнли.

    Манчестер сити е прв на табелата во Премиер лигата со 73 бодови, Ливерпул заостанува еден бод и се наоѓа на второто место.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img