More

    Борбата на Украинците премиерот ја спореди со брегзит

    spot_img

    Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со голем број на критики, откако изјави дека борбата на Украинците против руската инвазија, била слична на гласањето на Британците за излез од Европската Унија.

    – Знам дека нашиот инстинкт ни кажува секогаш да ја бираме слободата. Кога Британците гласаа за брегзит, тоа не го направија зошто ги мразат странците, туку сакаа да бидат слободни и работите да ги прават поинаку – изјави Џонсон.

    Прв му одговори Доналд Туск, поранешниот претседател на Европскиот совет.

    – Се уште се сеќавам на воодушевувањето од Трамп и од Путин од резултатите од референдумот. Борис, твоите зборови се навреда за Украинците, Британците и за здравиот разум – порача Дуск.

    Шефот на парламентарниот одбор за одбрана на Британија, Тобајас Елвуд, реагираше на зборовите на својот премиер.

    – Ако сакаме да го победиме Путин, тогаш мораме да имаме меѓународно водство и единство. Да се пореди борбата на украинскиот народ против тиранијата на Путин и Британците кои гласаа за брегзит ја наруши репутацијата на државата – истакна Елвуд.

    Најдалеку отиде лидерот на Либерално-демократската партија на Британија, Ед Дејви.

    – Борис Џонсон е национална срамота. Неговата глупост е во спротивност на храброто лидерство на Володомир Зеленски – изјави Дејви.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img