More

    Беше олимписка шампионка, а сега сите велат дека му е љубовница на рускиот претседател

    spot_img

    Во минатото беше позната како најуспешна руска гимнастичарка и олимписка шампионка, а денес во светот е позната како евентуална љубовница на рускиот претседател Владимир Путин.

    Веројатно никогаш нема ни да дознаеме дали има вистина во таквото тврдење, но факт е дека бројни информации и сознанија сведочат во прилог на нивната романса.

    Алина Кабаева релативно ретко се појавува во јавноста, но во саботата се појавила во Сочи за да го отвори новиот Центар за гимнастика.

    Оваа 39-годишна убавица не сакала да зборува за војната во Украина, ниту, пак, одговарала на било какви прашања за Путин, туку им се обратила исклучиво на колешките гимнастичарки:

    – Кога се занимавав со гимнастика и спорт, не можев ниту да сонувам за услови какви што денес постојат во овој центар. Но, животот ни покажува дека невозможното е возможно. А, Русија е земја со големи можности – изјавила таа.

    Инаку, на московските државни медиуми не им е дозволено да пишуваат за 15-годишната наводна врска на Алина со Путин, како ниту за двете деца кои парот наводно ги има.

    Но, западните странски медиуми во септември годинава известија дека гимнастичарката наводно абортирала и тоа во моментот кога била бремена повеќе од 20 седмици, а тоа било на инсистирање на Путин, пренесе тогаш „Daily Mail“.

    „Како резултат на тоа, односот меѓу Путин и Кабаева се влошил. Исто така, после тој абортус дошло до компликации и Кабаева не можела да се појави во јавноста извесно време“, пишува Телеграм каналот на „General SVR“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img