More

    Бериша обвинува дека долгот на земјата надминал 107 отсто од БДП

    spot_img

    Поранешниот албански претседател и експремиер и актуелен лидер на крилото за обнова на Демократската партија, Сали Бериша изјави дека јавниот долг во земјата достигнал 107 отсто од домашниот бруто производ (БДП) и оти земјата оди кон грчкото сценарио на банкрот.

    Тој додаде дека просечната плата денеска во Албанија требало да изнесува 1.500 евра.

    – Јавниот долг е зголемен од 62,4 на 107 отсто од БДП. Што е направено со овој долг? Ви гарантирам дека ако оваа влада мислеше, ќе работам за овие граѓани, ќе ги натерам да заборават на сиромаштијата, можеше и трикратно да ги зголеми платите и пензиите, ако сакаше. Со овој долг, кога би се вратил за благостојба, секој граѓанин би имал просечна плата од 1.500 евра. Каде се? Колку е платата денес? 30 отсто пониска од 2013 година, бидејќи цените се повисоки за 80-90 отсто – рече Бериша.

    Бериша рече дека и владата кога тој бил премиер имала проблеми, но им ја подигнала надежта на Албанците, а населението се зголемувало од година во година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img