More

    Бездникин: Секојдневно добиваме поддршка од стотици Македонци

    spot_img

    Ставањето на Република Северна Македонија на списокот на Кремљ на непријателски држави е само почеток и можни се и други возвратни мерки од Москва.

    Ова рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Бездникин, го рече во гостувањето на Сител, коментирајќи ги илјадниците санкции со коишто се соочи Русија во изминатиот период.

    – Списокот е јавно објавен согласно указот на рускиот претседател Владимир Путин, а ситуацијата била разгледувана сеопфатно за секоја земја посебно. Во случајот со Северна Македонија, веста за снабдување на Украина со воени средства и опрема е неоправдан ризик за безбедноста. Против Русија се води војна со лажни вести – истакна рускиот амбасадор.
    Тој потврди дека во понеделникот бил повикан во македонското Министерство за надворешни работи (МНР) и дека имал средба со функционер на МНР, како и дека дал сеопфатни одговори на сите прашања што му биле поставени.

    – Спремен сум да одговарам на секое прашање за односите помеѓу двете земји. Чекам средба и со премиерот Димитар Ковачевски. Трабеше да се сретнеме во јануари, ама средбата се одложи поради негови обврски. Со претседателот Стево Пендаровски кусо се видовме и разменивме неколку реченици. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пак, во изминатиот период даде широк спектар на изјави за односите со Русија. Тоа е негово право. Ние сме подготвени да ги браниме нашите позиции врз основа на принципите на взаемност и меѓусебно почитување. Не се согласувам со изјавите на Османи. Единствено се согласувам со неговата изјава дека нема директни закани за Балканот – изјави Бездникин.

    Амбасадорот додаде дека стотици македонски граѓани секојдневно упатуваат на поддршка.

    – Нашата амбасада секојдневно добива зборови на поддршка од стотици обични македонски граѓани. Тие изразуваат разбирање за мотивите на специјалната операција за заштита на жителите од Донбас, спроведено од Русија и солидарност со рускиот народ. Јас сум благодарен на сите за искажаниот став – рече амбасадорот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img