More

    Бајден ги бодри Украинците на Твитер

    spot_img

    „Еден диктатор со намера повторно да изгради империја никогаш нема да ја избрише љубовата на народот за слобода, бруталноста никогаш нема да ја сомеле неговата волја за слобода, Украина никогаш нема да биде победа за Русија“, напиша синоќа на Твитер претседателот на САД Џо Бајден.

    „Наместо да ја скрши одлучноста на Украинците, бруталните тактики на Русија само ја засилија. Наместо да го разделат НАТО, Западот сега е посилен и пообединет од кога и да било порано“, напиша Бајден.

    „Нема сомнеж дека оваа војна е веќе стратешка грешка за Русија. Путин мислеше дека Украинците ќе се покорат и нема да се борат. Наместо тоа, руските сили се судрија со еднаква на себе храбра и цврста украинска одбрана“, напиша претседателот на САД.

    Твитовите на Бајден доаѓаат по неговиот вчерашен говор во Варшава во кој за Путин кажа „овој човек не смее да остане на власт“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img