More

    Бајден: Би употребиле сила, но како последно средство

    spot_img

    „Ако тоа биде последно средство, (тогаш) да“.

    Вака одговори американскиот претседател Џо Бајден на прашањето дали САД би употребиле воена сила врз Иран. Бајден денеска стигна во Израел, каде ќе понуди гаранции дека ќе ја сопре иранската нуклеарна програма, а истовремено ќе проба да ги натера Израел и Саудиска Арабија да воспостават дипломатски односи, пишува Б92.

    – Единственото нешто полошо од Иран во моментов е Иран со нуклеарно оружје – изјави Бајден за израелскиот Канал 12 во интервјуто снимено пред да замине од Вашингтон и емитувано денес, неколку часа откако пристигна во Тел Авив.

    Се очекува САД и Израел денеска да објават заедничка декларација со која ги зацврстуваат блиските воени врски на двете земји и им даваат нова сила на повиците за воена акција за неутрализирање на иранската нуклеарна програма. Израел го смета Иран за најголем непријател и предупредува против нуклеарната програма на Техеран и повикува на уништување на еврејската држава.

    Анонимен израелски функционер пред пристигнувањето на Бајден рече дека Израел и САД ќе се обврзат да ги „искористат сите елементи на моќ против иранската нуклеарна закана“.

    Бајден рече дека нема да ја отстрани елитната воена формација на Иран, Корпусот на гардата на Исламската револуција, од американската листа на терористички организации, дури и ако тоа негативно влијае на можноста Иран повторно да се приклучи на нуклеарниот договор со светските сили.

    Додека САД ги зацврстуваат своите односи со Израел и со Саудиска Арабија, следната земја која Бајден ќе ја посети, Иран прави сојуз со Русија. Се очекува деновите во главниот град Техеран да пристигне рускиот претседател Владимир Путин, а меѓу разговорите ќе биде и испораката на стотици дронови од Иран за руските сили во Украина.

    Се очекува експерти од Иран да ги обучуваат руските војници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img