More

    Анастасија Ражнатовиќ, по раскинувањето со Ѓорѓе Куљиќ, се иселила од станот во кој почнале да живеат заедно за време на врската

    spot_img

    Анастасија Ражнатовиќ, по раскинувањето со Ѓорѓе Куљиќ, се иселила од станот во кој почнале да живеат заедно за време на врската.

    Наследничката на Цеца нема да го продолжи животот во луксузниот дуплекс во Дорчол, каде што живееше со Ѓорѓе, туку по раскинувањето ќе се врати во семејната вила на Ражнатовиќ на Дедиње, каде ќе живее со нејзината мајка, српската фолк-пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца.

    Инаку, станот во кој живееле Анастасија и Ѓорѓе е луксузна недвижност во новоизграден станбен комплекс во срцето на Белград, каде што Анастасија и нејзиното сега поранешно момче се вселиле во октомври 2021 година.

    Како што пишуваше, станот се простира на дури 200 метри квадратни, а за него наводно платиле 750.000 евра, ако се земе предвид дека се работи за нова зграда, на скапа локација кај Калемегдан.

    – Купија два стана од 100 квадрати кои се наоѓаат еден над друг и направиле дуплекс. Имаат пет спални соби, неколку бањи и огромна дневна соба, како и стаклена тераса. Мебелот го избраа одамна, ја реновираа кујната и сега уживаат – тврдел извор неодамна за медиумите.

    Анастасија и Ѓорѓе раскинаа пред два-три дена, а до прекин на врската дошло бидејќи сѐ помалку време поминувале заедно во Србија, поради одвоените патувања и деловните обврски.

    Анастасија и Ѓорѓе беа во врска пет години, а таа гостувајќи во емисијата „Амиџ шоу“ проговори за раскинувањето:

    „Медиумите очекуваат кога некој е долго во врска и ќе се раздели дека постои некоја бомбастична причина за тоа, но ние едноставно разговаравме смирено и дојдовме до заклучок да се разделиме…“, вели Анастасија Ражнатовиќ и додала дека му посакува сѐ најдобро на Ѓорѓе.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img