More

    Аксел Роуз со микрофон ѝ го скрши носот на обожавателка на концерт

    spot_img

    Aксeл Роуз, фронтменот на бендот „Ганс енд Роузс“, се огласи на социјалните мрежи и им најави на своите фанови дека ќе стави крај на 30-годишната традиција на фрлање микрофон во публиката на крајот од секој концерт.

    Оваа одлука е донесена по концертот одржан во Аделаида, Австралија, кога Aксeл фрлил микрофон, тој летнал право во лицето на една жена, која се здобила со сериозни повреди.

    – Очигледно не сакаме некој друг да се повреди или да се случи нешто лошо на нашите концерти. Тоа што преку 30 години го фрлавме микрофонот во публиката стана традиција и обожавателите сакаа што ја имаа таа можност да го фатат микрофонот – рече тој и додаде дека ќе стави крај на оваа традиција во интерес на публиката, бидејќи тој сака да ги заштити.

    Ребека Хауи, жената која беше повредена на концертот, рече дека се здобила со две расекотини на окото и скршен нос.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img