More

    Ако не сте имале Ковид, веројатно немате пријатели

    spot_img

    Ако не сте имале Ковид, веројатно немате пријатели, напиша докторот
    Ако досега не сте имале ковид, веројатно немате пријатели, тврди еден од водечките јужнокорејски лекари, кој ја избришал својата објава на Фејсбук набргу по објавувањето.

    „Возрасните кои не биле заразени со Ковид имаат проблеми во меѓучовечките односи“, напиша Ма Санг-хјук, потпретседател на Јужнокорејското здружение за вакцинација, на Фејсбук, објави американскиот NPR.

    Неговите коментари кои брзо се проширија на социјалните мрежи предизвикаа планина критики кај луѓе кои досега не се разболеле, а кои не се сметаат за асоцијални.

    Докторот подоцна ја избриша објавата, тврдејќи дека користел метафора и дека не го разбрале добро.

    „Сакав да истакнам колку е тешко некој да го избегне вирусот во ситуација со висока стапка на инфекција во близина“, се обиде да објасни подоцна во интервју за корејски весник.

    Но, тој не е првиот што користи слични „метафори“.

    Мексиканскиот инфектолог Бренда Крабтре во една статија пред еден месец напиша: „Ако немате пријатели кои се заразени сега, немате пријатели“.

    Двете изјави беа дадени во време кога нивните земји беа потресени од нов бран на коронавирус, односно ширење на омикрон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img