На Автобуската станица во Сараево попладнево изби пожар, а според информациите на некои локални медиуми, има и повредени.
На местото на инцидентот веднаш биле испратени пожарникарски, медицински и полициски екипи.
Огнот ги зафатил продавниците кои се наоѓале во склоп на Автобуската станица.
Густ чад брзо се издигнал над областа, а многу луѓе во паника го напуштиле просторот на станицата.
Засега не е позната причината за пожарот во општината Ново Сараево.