More

    Што се случува ако се туширате два или повеќе пати на ден?

    spot_img

    Ако сте навикнати да скокате под туш прво наутро, а потоа повторно да го правите тоа после вежбање или пред спиење, можеби му штетите на вашето здравје повеќе отколку што мислите. Пречестото сапунирање и поминувањето време под туш всушност не е добро за кожата и косата, а може да влијае и на репродуктивното здравје. Bright Side наведе некои последици од пречестото туширање.

    Косата може да изгледа помрсна
    Свежо измиената коса изгледа одлично, но кога се мие премногу често може да стане помрсна. Секој пат кога ќе нанесете шампон на вашата коса, тој го суши скалпот, што предизвикува повеќе да се произведува себум и косата побрзо да се масни.

    Вашата кожа може да стане сува
    Геловите за туширање, сапунот и топлата вода ги отстрануваат здравите бактерии и маснотии од кожата. Некои дерматолози дури препорачуваат туширање само два до три пати неделно за да се спречи чешање и претерано сува кожа.

    Може да забележите повеќе првут од вообичаено
    Многу шампони го прават спротивното од она што го ветуваат. Прекумерното миење на косата предизвикува чешање и иритација на скалпот, што може да доведе до првут, а во некои случаи може да предизвика и губење на косата.

    Вашата кожа може да стане почувствителна
    Изложувањето на телото на нечистотија и бактерии го зајакнува имунолошкиот систем и му помага поефикасно да се бори против вирусите. Пречестото туширање го нарушува микробиомот на кожата, предизвикувајќи чувство на иритација и пукање и црвенило.

    Може да му наштетите на вашето репродуктивно здравје
    Интимните делови природно се чистат со исцедок, а употребата на сапуни и гелови за нивна нега може да влијае на pH вредноста. Ова може да доведе до бактериска нерамнотежа, иритација и да влијае на репродуктивното здравје. За миење на интимните делови подобро е да изберете обична вода, пренесува Индекс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img