More

    Холивудскиот актер Кевин Спејси е обвинет за сексуален напад врз тројца мажи, може да добие затворска казна од дури 20 години

    spot_img

    Холивудскиот актер Кевин Спејси е обвинет за сексуален напад врз тројца мажи, поради што би можело да добие затворска казна од дури 20 години, а актерот категорично ги отфрла овие обвинувања цело време. Поради тоа обвинение, тој вчера се појави пред поротата на судот и во Велика Британија.

    Пред судницата во Лондон го пречекаа бројни претставници на медиумите низ кои мораа да пробијат припадниците на обезбедувањето за актерот да дојде во судницата. Таму само го потврдил својот идентитет и адресата на која живее. Ројтерс пишува дека тој не покажувал емоции при давањето на изјавата.

    „Г-дин Спејси силно ги негира сите обвиненија во случајот“, изјави пред судот неговиот адвокат Патрик Гибс.

    Гибс истакна и дека актерот одговорил на сите обвинувања пред три години во САД и дека целосно соработувал со истрагата.

    Ако биде прогласен за виновен за сексуален напад, му се заканува затворска казна од шест месеци и парична казна, но другото дело на односот без согласност може да доведе и до доживотен затвор.

    Судот во Лондон вчера му одреди кауција на американскиот актер, објави Си-ен-ен.

    Спејси ја носи титулата на една од најголемите холивудски ѕвезди, а откако обвиненијата против него се појавија во јавноста, тој води повлечен живот.

    Откако во јавноста се појавија обвиненија за сексуална злоупотреба, Спејси беше избркан од ТВ-серијата „Куќа од карти и од филмот „Сите пари на светот“.

    Да потсетиме, Спејси е обвинет за четири точки за сексуален напад врз тројца мажи и уште една точка за поттикнување лице да учествува во пенетративен сексуален чин без согласност. Обвинителите тврдат дека Спејси го принудил мажот на орален секс.

    Во обвинението се наведува дека нападите се случиле помеѓу март 2005 година и април 2013 година. Тие вклучуваат еден маж кој сега има четириесет и двајца кои се во триесеттите години од животот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img